Фудбалската репрезентација на Македонија ги доби ривалите за Лигата на нации, новото натпреварување на УЕФА кое овозможува шанса за настап и на ЕП 2020, а ќе ги замени досегашните пријателски натпревари. „Црвено-жолтите“ се носители на групата Д – 4, во која се наоѓаат и селекциите на Ерменија, Лихтенштајн и на Гибралтар.
„Наша цел е првото место, ќе играме за да победиме во групата. Ќе одлучува пресметката со Ерменија, но мораме да бидеме максимално мотивирани и подготвени и против Лихтенштајн и Гибралтар. Ќе се сконцентрираме на анализа на противниците, но треба на сите да ни е јасно дека најважни сме ние, ние мораме да бидеме во наше најдобро издание. Се надевам дека ќе бидеме здрави и целосно ќе се фокусираме на натпреварувањето. Верувам во квалитетот и карактерот на нашите фудбалери бидејќи покажаа дека можеме да се надигруваме и со далеку поквалитетни репрезентации. За успех е потребна поддршка од сите, оваа Македонија тоа го заслужува”, изјави селекторот Игор Ангеловски по ждребот во Лозана.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА