Ангеловски: Нема потреба од еуфорија, сега ни следат вистинските предизвици!

Македонскиот селектор Игор Ангеловски сосема очекувано е задоволен од двата пријателски натпревари во рамките на подготовките за ЕП, искажувајќи притоа и смирувачки тонови дека овој национален тим допрва во Букурешт и во Амстердам го очекуваат вистинските предизвици.

„Овие два пријателски натпревари ги искористивме за тактички подготовки, па резултати се позитивни и велат дека имаме напредок, но не треба да навлегуваме во било каква еуфорија. Допрва следуваат нашите предизвици!“ – истакна Ангеловски на прес-конференцијата по победата над Казахстан, притоа дополнувајќи:

„Мора да кажам дека сега се покажува дека во селекцијата имаме и одлични замени. Денес својата шанса извонредно ја искористија младите Чурлинов и Ристовски. Се покажа дека и тие се иднина на македонската фудбалска репрезентација“.

Се вчитува...