Македонската репрезентација во некомплетен состав, без Горан Пандев, Илија Несторовски, Езгиан Алиоски, Стефан Ристовски и Остоја Стјепановиќ кои дополнително ќе се приклучат, ги започна подготовките пред натпреварите со Турција (5. јуни) и квалификацискиот дуел со Шпанија (11. јуни) на националната арена во Скопје.
Селекторот Игор Ангеловски вели дека фокусот најпрво е на Турција, а обврска на сите е да го дадат максимумот.
„Турција е фудбалска велесила и ќе биде дополнителен мотив за сите играчи. Реков дека и на пријателски дуели сакам да играм против квалитетни селекции. Посакувам играчите да бидат на нивото на претходните мечеви и да го дадат најдоброто од себе. Не смееме однапред да се предадеме, мора да го дадат максимумот. Имаме препознатлива игра која во последните мечеви почна да носи и резултати“ – вели селекторот Игор Ангеловски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА