Тренерот на актуелниот македонски првак Еурофарм Пелистер, Бранислав Ангеловски, пред мечот со Висла истакна надеж дека позитивната атмосфера после бодот против Споргинг, ќе придонесе за добра игра и добар резултат и на мечот со Висла.
Ангеловски ја цени екипата на Висла, и рече дека ќе се влезе во мечот да се надигруваат, а не да се „штитат“ како да загубат помалку.
„Висла е една добро компонирана екипа, играат шпански систем и имаат многу квалитетни играчи. Екипа која ја победи Киелце во првенството. Ние имаме позитивна најава, и сметам дека ќе одиграме одличен натпревар најпрво во Лигата на шампионите, и потоа дерби во македонското првенство. Атмосферата во екипата е позитивна, и одиме да се надигруваме со нив, а не да гледаме да загубиме што помалку. Имаме многу повредени играчи и мислам дека ќе бидат здрави за добра престава во овој натпревар“, рече Ангеловски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА