Ангеловски официјално заминува од Каспиј: Напорно работев за да го стекнам името и не сакам да го загубам овде

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Игор Англовски од денеска и официјално повеќе не е член на казахстанскиот првологаш Каспиј, завршувајќи го новиот интернационален предизвик по само три месеци.

Ваквата одлука беше потврдена од самиот клуб кој на социјалните мрежи откри дека Ангеловски повеќе не дел од тимот. За одлуката се огласи и самиот Македонец кој вели дека напорно работел за да го стекне името и не сака да го загуби во Казахстан.

„Најпрво би сакал да им се заблагодарам на играчите кои вчера излегоа на теренот, немам што да им кажам, а благодарен сум и на момците од резервниот тим, бидејќи половина од нив се млади играчи на нашата академија. Кога пристигнавме овде пред два месеци, бевме на последното место со нула бодови и ни рекоа дека мораме да ги прилагодиме играчите во тимот и да пуштиме многу од нив. Се договоривме дека ќе добиеме нови играчи кои ќе ги заменат. На 12 играчи им ги раскинавме договорите, меѓу нив и на тројца играчи кои сакавме да ги задржиме, но не можевме, Дијакате, Бриџидо и на Џигаури. Две недели трениравме за дуелот против Жетису со 10 играчи од главниот тим, а останатите со млади играчи од академијата.

Напорно работев за да го стекнам своето име и сега не сакам да го изгубам тоа име. Решив да го напуштам своето работно место. Оваа порака им ја пренесов на играчите и управата. Се надевам дека ќе се создадат услови за следниот тренер.

Верувам дека фудбалскиот клуб Каспи ќе остане во Премиер – лигата на Казахстан. Би сакал да им се заблагодарам и да посакам успех на сите што работат во фудбалскиот клуб. Особено сум им благодарен на навивачите“, вели Ангеловски.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Caspiy Football Club (@caspiy_fc)

Се вчитува...