Ракометниот шампион на Македонија, Пелистер по 17 натпревари стигна до првиот бод во Лигата на шампионите откако вечерва во трилер меч на домашен терен ремизираше против Спортинг Лисабон 24-24.
Tренерот на битолчани, Бранислав Ангеловски по мечот даде свое видување за освоениот бод.
„Освоивме голем бод голем како куќа. Конечно скршивме едно бреме кое го носевме многу време. Им се заблагодарувам на моите играчи моите вистински борци кои до крајот веруваа. Игравме против многу силен противник. Ова е 20 натпревар за Спортинг и досега имаат 18 победи, еден пораз од Барселона и ова реми со нас. Одлично игравме 45 минути, но неколку наши грешки и грешките на судиите дозволија Спортигн да ја сврти во своја полза. Сепак, на крајот успеавме некако да стигнеме до бод и затоа благорадност од економот до раководството на клубот. Штета што не победивме, но сметам дека имаме шанси да оставиме подобар впечаток“, изјави Ангеловски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА