ЕКИПА во Хаифа, Израел
Владимир Булатовиќ
Македонија триумфално мина низ Хаифа, го совлада Израел со 0-1 и го зема најголемиот скалп во својата историја, на квалификациски меч за СП на гостински терен. „Гранде Пандев“ блесна, постигна прекрасен погодок, а подмладената Македонија восхити со својата игра. Огромна желба, мудра игра и срце на терен – донесоа триумф!
Селекторот Игор Ангеловски конечно ги имаше на располагање сите фудбалери, и младите сили кои долго време играа за селекцијата до 21 година, и одлично ги вклопи со поискусните, на чело со капитенот Горан Пандев. И вели – победничкиот пат на оваа генерација само што започна.
„Сакам најпрво да им честитам на моите фудбалери со кои ми е задоволство да работам. Ова е награда за нив за тоа што го одработија во овие квалификации, го заслужија тоа…, но не треба да не зафати сега некоја еуфорија затоа што сепак во овие квалификации претходно резултатски лошо поминавме. Сепак, се гледа дека имаме одлични момци кои има кој да ги води, едно име како Горан Пандев. Сега треба да се фокусираме за тоа што следи со оваа генерација, затоа што нашиот пат сега почнува!“, изјави селекторот Игор Ангеловски на прес – конференцијата по мечот со Израел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА