Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер, утре во 20:45 часот во Париз, го игра првиот меч во Лигата на шампионите против силниот тим на ПСЖ.
Тренерот Бранислав Ангеловски, изјави дека екипата на ПСЖ е еден од најсериозните кандидати за пласман на завршницата на Ф4, и дека кај неговиот тим има мотивација и желба за докажување.
„Одиме на гости кај еден од најсериозните кандидати за пласман на Ф4, и еден од фаворитите за освојување на првите две места во нашата група, и екипа која е составена и од еден од најдобрите тренери. Разликата ја прави Лук Стејнс со нивната игра во транзиција, и нивниот напад преку Шипжак кој е еден од најдобрите пивоти. Нашата задача е да се претставиме во добро светло. Мотивацијата сигурно е на наша страна и нема да недостасува. Желни сме за докажување, и тоа ќе го покажеме“, изјави Ангеловски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА