Македонскиот шампион Е. Пелистер никако да освои барем еден бод низ настапите во Лигата на шампионите сезонава. Еурофарм е најслабата екипа по десет одиграни натпревари во ЛШ, единствена заедно со Целје без ниту еден бод низ досегашниот тек на елитното натпреварување.
„Пелистерци“ синоќа против Загреб во Битола беа најблиску до првиот бод, но загубија во неизвесен меч со 22-23. Тренерот Бранислав Ангеловски посочи два моменти кои донеле до поразот.
„Натпреварот го загубивме поради две причини. Најпрво реализацијата во првото полувреме која беше на ниско ниво, а потоа во второто полувреме враќањето во одбрана иако знаевме дека Тимур Дибиров ќе оди на брз центар и ќе напаѓа. И вториот тајм-аут не го потрошив за напад, туку за одбрана, токму за тоа враќање. На секој наш постигнат гол, примавме брз гол… Тактиката ја доби противничкиот тренер и јас му честитам за тоа“ – изјави Ангеловски на синоќешната прес-конференција по мечот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА