Репрезентативецот на Македонија, Дарко Ангеловки е пресреќен со првата победа над Азербејџан на стартот на Еворпската лига. Нашиот одбојкар не можеше да ги скрие емоциите, а најмногу го радува што ја виде преубавата слика од полната сала во СРЦ Кале. Ангеловски вели дека доколку влезат со ист ритам во утрешниот дуел против Албанија, очекува нов триумф и нови бодови.
„На теренот се чувствувавме прекрасно. Ни беше малку тешко на почетокот, со оглед на тоа дека ни е прв натпревар, имавме трема. Но, публиката ни беше мотивација, им се заблагодарувам што дојдоа во толкав број, полесно се победува во полна сала. Прв пат да ја видам салата беше волку полна, атмосферата беше одлична. Влеговме во ритам и потоа се’ беше во наша полза, доминиравме во секој сегмент. Проработевме кога беше најпотребно, па ако продолжиме во исто темпо,се надевам дека ќе триумфираме и на следните две средби. Репрезентацијата на Албанија ги изненади Швеѓаните, што значи дека утре не чека тежок меч, но мислам дека со уште подобра игра можеме да освоиме нови бодови“, истакна Ангеловски по натпреварот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА