Македонските одбојкари загубија од Чешка со 3-0 во последниот меч во Скопје, и го освоија четвртото место во групата за мегдан со Италија.
Нашето либеро Дарко Ангеловски по мечот кажа дека Чешка заслужено победила, но дека е среќен што селекцијата обезбеди место меѓу најдобрите 16.
„Чешка беше подобра, што би рекол јас не’ сардисаа. Во секој случај беше добар натпревар. Ќе ја искористам оваа прилика и ќе се извинам на јавноста за поразот. Но, испишавме историја, одиме во најдобрите 16. Сега одиме на Италија, селекција која е слична со Полска. Ми се допаѓа тоа што како репрезентација функционираме добро. Мене ми е многу драго, благодарност до Македонија до Скопје и сите кои дојдоа да не бодрат сите натпревари. Македонија се сака“, рече Ангеловски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА