Ангеловски седнува на клупата на косовска Приштина

Поранешниот селектор на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски по долгата пауза би можел повторно да се врати на тренерската работа.

Како што пренесуваат медиумите од Косово, Ангеловски е пред договор да ја преземе Приштина. Приштина пред неколку дена се раздели со досегашниот тренер Арсим Тачи и веќе од клубот контактирале со нашиот тренер.

Последниот ангажман Ангеловски го имаше во хрватска Горица, каде не се снајде баш најдобро, па брзо беше раскинат неговиот договор.

Се вчитува...