Бранислав Ангеловски не е повеќе тренер на Еурофарм Пелистер. Тренерот на битолчани си поднесе оставка после поразот од Алкалоид вчерва во дербито во Автокоманда.
Ангеловски си заминува од клупата поради слабите резултати и во првенството, и во Лигата на шампионите. Во европската елита тимот е со само еден освоен бод, додека во првенството во првите осум кола има два порази од Алкалоид и од Вардар.
Во последно време навивачите бараа промена на тренерската клупа. Кој ќе го води понатаму битолскиот тим, ќе се знае во следните денови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА