Ангеловски со комплетен состав на тренинг – Се е концентрирано на Ерменија (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонскиот селектор Игор Ангеловски во комплетен состав го одработи попладневниот тренинг на вториот ден од подготовките за натпреварите со Ерменија и со Грузија на стартот од новата сезона во Лигата на нации.

Веќе под „полна пареа“ се активираа македонските репрезентативци. Од првичниот список отпаднаа единствено голманот Столе Димитриевски, кој е позитивен на коронавирусот, и Даниел Аврамовски поради повреда. Сите останати фудбалери денеска го одработија тренингот, со исклучок на Иван Тричковски кој се пожали на мала повреда но ќе биде во комбинација за дуелите со Ерменија и со Грузија.

 

Се вчитува...