Македонскиот селектор Игор Ангеловски вели дека националниот тим дочекал непријатна вест со информацијата за позитивниот тест на Ковид-19 на Енис Барди, но потенцира дека сите очекуваат сепак да го имаме на располагање за ЕВРО 2020 еден од најдобрите македонски фудбалери.
„Сите сме со тебе Енис Барди. Без тебе не тргнуваме за Букурешт“ – порача Ангеловски.
Енис Барди е единствениот од пристигнатите репрезентативци кој е позитивен на коронавирусот, па веднаш е ставен во изолација без никаков контакт со останатите фудбалери и членови на стручниот штаб, и под постојан лекарски надзор.
Репрезентацијата за Букурешт заминува на 8. јуни, цели 14 дена од позитивниот тест на Барди, поради што се очекува сепак без симптоми да го мине коронавирусот и да биде со националниот тим на Европското првенство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА