Ракометарите на Е. Пелистер го доживеаја и четвртиот пораз во Лигата на шампионите, овој пат на гостувањето во Полска од Висла Плоцк со 26-18 во 5. коло од групата А.
Висла Плоцк дојде до првите бодови во групата против македонскиот шампион кој не успеа да парира согласно посакувањата на тренерот Бранко Ангеловски пред натпреварот.
„Честитки на Висла затоа што беше подобар тим на паркетот, доминирајќи за време на целиот натпревар. Ние почнавме навистина лошо, потоа и правејќи премногу технички грешки кои апсолутно направија да биде за нас невозможно да се вратиме резултатски на дуелот“ – истакна Ангеловски по мечот.
Во следната рунда натпревари во европската елита „пелистерци“ играат со Веспрем. Претходно, пак, ги очекува овој викенд и дербито со Алкалоид во 8. коло од Суперлигата на Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА