Пелистер со 27-21 го совлада Вардар во вечното ракометно дерби, и го зададе првиот удар на „црвено-црните“. Пелистерци во вториот дел го срушија противникот, откако првиот дел заврши со „егал“ 10-10.
Тренерот на Пелистер, Бранислав Ангеловски по мечот истакна дека и во првиот дел Пелистер заслужил да води, но голманите имале слаб учинок, па така брзата игра вродила со плод. На крајот ја посвети победата на навивачите.
„И во првото полувреме бевме агресивни, но голманите одбранија само една топка. Влеговме во серија без лесен гол. Во првиот дел имавме проблем со две измени одбрана-напад. Во вториот дел игравме без измена, влечевме контра и полуконтра, игравме побрзо и заслужено победивме. Капитенот Кузмановски одигра капитенски, но морам да го пофалам и Тајник. Последната ротација со Радивојевиќ вроди со плод со уште два гола. Можеби имаше простор за поголема ротација, но натпреарот налагаше ваков тек. Среќен бев и со победа од еден разлика, но со нашите верни навивачи е полесно. Ним им ја посветувам оваа победа.“, рече Ангеловски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА