Ангеловски удри по „пелистерци“: Да идете сите од прв до последен у три п…е материне! (ВИДЕО)

Е. Пелистер ја има улогата на голем фаворит во полуфиналето од Купот на Македонија против Тиквеш, па токму затоа тренерот Бранислав Ангеловски беше бесен на своите избраници поради незалагањето во првите дваесетина минути.

Тој беше принуден за кратко време да побара и втор тајмаут, по што бесот го истури врз ракометарите.

„Да идете сите од прв до последен у три п…е материне“ – им порача Ангеловски на играчите на Е. Пелистер.

Ако Е. Пелистер навистина сака да биде клуб со европски манири и принципи како што се претставува, ваквото однесување на тренерот е апсолутно недозволиво.

Се вчитува...