Ангеловски во 93-тата минута дојде до првиот триумф на клупата на Горица

Поранешниот македонски селектор Игор Ангеловски, дојде до првиот триумф на официјални натпревари на клупата на хрватскиот тим Горица. Станува збор за натпреварот од Купот на Хрватска, и тимот на Ангеловски продолжува во следната фаза.

Уште во 2. минута Дубрава имаше водство од 1-0, а потоа Горица направи пресврт во 28. и 45. минута.

Меѓутоа проблемите продолжија, па во 75. минута Дубрава стигна до нерешено. Но, во третата минута од судиското надополнвуање Горица стигна до победата и до пласманот во 1/8 финалето на хрватскиот Куп.

Се вчитува...