Македонскиот селектор Игор Ангеловски излезе во преден план во трката за нов тренер на Фенербахче, откако нашиот стручњак го импресионирал претседателот Али Коч на состанокот што го имал во Турција непосредно по завршувањето на ЕВРО 2020. Турскиот весник „Фанатик“ тврди дека сега токму Ангеловски е лидер во трката за кормилото на гигантот од Истанбул, оставајќи одличен впечаток кај Коч.
Првиот човек на клубот во изминатиот месец разговарал со бројни стратези, а голем дел од нив самите како Фавр, Бенитез и Биелса самите ја одбија понудата. Фенербахче најави дека во следните седум дена ќе го објави името на новиот тренер, кој наскоро потоа ќе ги стартува подготовките со тимот. Според „Фанатик“, големи се шансите тоа да биде Ангеловски, кој успеал да остави одличен впечаток кај претседателот Коч.
Игор Ангеловски долги години беше селектор на македонската репрезентација, испишувајќи најголем успех во историјата на нашиот фудбал со пласманот на ЕВРО 2020 преку Лигата на Нации. Неговиот договор со Фудбалската Федерација на Македонија истекува со завршувањето на настапот на европскиот шампионат, а ФФМ веќе го именуваше Благоја Милевски за негов наследник на кормилото на националниот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА