Англичанецот го напушта Баерн и заминува во Монако како слободен агент

Англискиот фудбалер и член на Баерн Минхен, Ерик Даер, ќе го напушти германскиот тим на крајот на сезоната. Негов нов клуб ќе биде Монако, објавија француските медиуми.

Весникот „Екип“ пишуваат дека 31-годишниот стопер ќе потпише тригодишен договор со тимот од Кнежеството. Даер во 2024 година се пресели во Баерн Минхен, откако претходно 10 сезони го носеше дресот на Тотенхем.

Дефанзивецот може да стане шампион со Баварците, со оглед дека убедливо водат во Бундеслигата. Оваа сезона доби шанси да настапува, но го следеа и повреди па не беше стандарден во новиот германски првак.

Со заминувањето на Даер, почнува ремонтот во Баерн Минхен, откако тимот ќе се раздели и најверојатно со уште двајца дефанзивци и тоа Ким Мин-Јае и со Хироки Ито. Тимот исто така ќе го напушти и ветеранот Томас Милер, а се најавува заминување и на Кингсли Коман.

Се вчитува...