Англичани и Шпанци се тепаа и на музички фестивал во Сплит (ВИДЕО)

Шпанија го освои Еворпското првенство кое изминатиот период се одржуваше во Германија откако славеше во големото финале одиграно во Берлин против Англија со 2-1. Со тоа Шпанците станаа апсолутни рекордери кога станува збор за шампионатот на стариот континент бидејќи за нив тоа е четврта титула во историјата.

Милиони фанови ширум светот ја проследија средбата помеѓу Шпанците и Англичаните, а дуелот се гледаше и во Сплит на музичкиот фестивал „Ултра“. Во фан зоната присутни беа и шпански и англиски навивачи кои по финалето и физички се пресметаа.

Сред Хрватска Шпанците ги опкружија Англичаните и ги нападнаа со столици, шишиња, пепељари и останати предмети. Долго време беше потребно инцидентот да се смири, а засега нема информации за можни повредени и уапсени.

Се вчитува...