Англичани, не плачете… па загубивте од светскиот шампион

Еуфорично се слави во Хрватска историската победа и пласманот во големото мундијалско финале. Роберт Просинчеки, кој беше дел од славната генерација од 1998 година, не ја криеше гордоста од неверојатниот настап на неговите сонародници на шампионатот во Русија.

„И баш ми е мило што го надминаа нашиот успех. Ова е неверојатно, во второто полувреме ги убија Англичаните. Сега на ред е Франција, нека ја одмазддат нашата генерација. Со години наназад немало ваква атмосфера во таборот на Хрвтска, честитки за селекторот Далиќ кој е најзаслужен, кој го разбуди карактерот во тимот. Ова секогаш биле супер играчи, само сега веруваат дека можат да стигнат до самиот крај“ – изјави Просинечки.

Поранешниот репрезентативец Јошко Јеличиќ не ја пропушти можноста да ги „пецне“ Англичаните, кои по мечот дури и се жалеа дека израмнувачкиот гол на Перишиќ не бил регуларен.

„Замислите колку добро одигравме кога на Англичаните воопшто не им оставивме простор за транзиција. Од периодот кога израмнивме па се до самиот крај очигледен беше растот во поседот на топка и бројот на шанси. Англичаните беа неверојатно инфериорни, не разбирам зошто плачат… па испаднаа од идниот светски првак“ – еуфорично прокоментира Јеличиќ.

 

Се вчитува...