Судии од Англија се делегирани од страна на УЕФА за квалификацискиот натпревар помеѓу Македонија и Белгија, кој се игра во петок 6. јуни на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Главен судија на мечот ќе биде Кристофер Каванаг. Негови помошници Ли Бетс и Нил Дејвис. Четврти судија ќе биде Самуел Барот.
И во ВАР собата ќе бидат арбитри од Англија на челот со Стјуарт Атвел, додека помошник ВАР судија е Кевин Кленси.
Контролор на судењето ќе биде Гедиминас Мажеика од Литванија, додека делегатот доаѓа од Швајцарија, во името на Марк Виламуц.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

