Англичаните бесни на селекторот: Ни треба гол, а тој го става Хендерсон… каде се Фоден и Трент…

Англија одигра разочарувачки 0-0 против селекцијата на САД, меч на кој „гордиот албион“ во ниту еден момент немаше целосна иницијатива и желба за победа.

Навивачите разбирливо се разочарани, а на удар се најде селекторот Герет Саутгејт и неговите одлуки при водењето на мечот. Имено, фановите не можат да разберат како можеше тој повторно на клупата за резерви да ги остави Трент Александер Арнолд и Фил Фоден, двајца играчи со извонредни офанзивни способности, а во моментите кога Англија требаше да брка победа, на местото на Белингем во игра да го уфрли далеку подефанзивниот Џордан Хендерсон.

„Ни треба гол, а тој го става Хендерсон. Кога видовме што прави, буквално целиот паб каде што го гледавме мечот почна да свири“, коментира еден англиски навивач на Твитер.

Се вчитува...