Фудбалската репрезентација на Англија полека, но сигурно, ја достигнува работната температура за настап на Светското првенство во Русија. Селекцијата на Герет Саутгејт ја совлада Костарика со 2-0 на „Иланд роуд“ и најави дека е подготвена за мундијалскиот предизвик. На овој тест поштеден беше капитенот Хари Кејн, кој се жали на повреда на скочниот зглоб.
Маркус Рашфорд со фантастичен удар од 25 метри ја доведе Англија во водство во 25.минута, совладувајќи го Кејлор Навас. Во вториот дел Дани Велбек го постави конечниот епилог на дуелот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА