Џордан Хендерсон со капитенската лента на раката ја предводеше Англија до победа над Австралија со 1-0 во пријателскиот натпревар одигран на „Вембли“, но поранешниот ас на Ливерпул нема по добро да го помни овој ден.
Хендерсон беше заменет во 62. минута од средбата и беше исвиркан од страна на Англичаните поради настапот во Саудиска Арабија каде хомосексуалноста е илегална. Пораншниот голем борец за правата на хомосексуалците по натпреварот ја коментираше ситуацијата.
„Секој има право на свое мислење. Сакам да играм за Англија и со години го правам тоа. Сакам да дадам се за мојот тим и мојата држава. На мене и на моето семејство многу ни значи што бев капитен на овој натпревар.
Не е убаво чувството кога те исвиркуваат сопствените навивачи. Но, видете секој има право на свое мислење. Кога и да сретнам некој на улица секогаш е пријатна средба па ова нема да ме промени како човек. Ако луѓето ме исвиркуваат поради тоа што играм во друга држава нека биде така.
Јас не сум политичар, разбирате? И нема да се плеткам во политика. Јас сум само посветен на фудбалот“, вели Хендерсон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

