Манчестер Сити претрпе нов пораз, Халанд е далеку од посакуваната голгетерска форма, но главен проблем за актуелниот англиски првак е одбраната која функционира катастрофално во овој кризен период.
Сити на последните десет натпревари прими дури 23 погодоци, а голем дел од медиумите за главен виновник за поразот од Јувентус го посочија Јошко Гвардиол. Најскапиот дефанзивец играше променливо како лев бек, па Гвардиола за дуелот со Јувентус го врати во срцето на одбраната, но Хрватот ниту таму не се снајде најдобро, имајќи лоши интервенции при двата гола на „старата дама“.
„Вратен е на позицијата „стопер“, но не реагираше добро и при двата гола. При првиот Влаховиќ скокна повисоко од него и ја затресе мрежата, при вториот беше беспомошен кога требаше да го затвори стрелецот Мекени“, пишува „Goal“ за настапот на Гвардиола, давајќи му слаба оценка – 4 од 10.
„Гвардиола е комедија од дефанзивецот. Грешките што ги прават тој и голманот Едерсон се навистина комични. При првиот гол лошо ја расчисти топката, при вториот го остави Мекени сам да ја затресе мрежата пред самиот гол“, критичен е и „Manchester Evening News“ за настапот на скапиот дефанзивец.
Весникот „Дејли Експрес“ при оценувањето на фудбалерите за мечот во Торино исто така му додели четворка на хрватскиот дефанзивец.
„Наместо да ја расчисти опасноста и да ја шутне топката, тој му ја подари на Јилдиз, кој центрираше, а Гвардиол загуби воздушен дуел и Влаховиќ даде гол. Јошко не изгледаше сигурно кога Јувентус напаѓаше, тоа беше случај цел натпревар“, критични беа и новинарите на „Дејли Експрес“ за изданието на Хрватот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА