Саутгејт го објави поширокиот список за ЕВРО – Меѓу нив се најде и „чудото од дете“ кое има само 17 години

Англискиот селектор Герет Саутгејт го објави поширокиот список на репрезентативци за Европското фудбласко првенство. На списокот се најде 17-годишното „чудо од дете“ за врска, фудбалер на Борусија од Дортмунд, Џуд Белингем, кој со неговата игра го воодушеви фудбалскиот свет оваа сезона.

Саутгејт го додаде и десниот бек на Ливерпул, Трент Александар-Арнолд на списокот за кој се пишуваше со недели. Имено, англиската јавност сметаше дека тој нема да оди на Европско првенство поради неговата послаба форма и силната конкуренција на неговата позиција.

За потсетување, Англија и Хрватска ќе ја отворат групата Д на Европското првенство на 13 јуни од 15 часот на Вембли. Во оваа група се наоѓаат и репрезентациите на Чешка и Шкотска.

 

 

Се вчитува...