Англичаните го украдоа ирскиот фудбалски „бисер“

Деклан Рајс ќе биде засилувањето за англиската фудбалска репрезентација на стартот од квалификациите за ЕВРО 2020, откако ФА успеа да издејствува суперталентот на Вест хем да почне да настапува за „гордиот албион“ иако во досегашниот дел од кариерата ги бранеше боите на Република Ирска.

Овој 20-годишен играч за врска важи за еден од најдобрите млади фудбалери во Премиер-лигата, за неговите услуги веќе се интересираат Манчестер Јунајтед и Арсенал, а Рајс во февруари самиот изрази желба за промена на „фудбалското државјанство“. Тој има настапувано за сите младински селекции на Република Ирска, неодамна одигра и три средби за сениорскиот тим, но бидејќи стануваше збор за пријателски натпревари, Рајс имаше можност да ја промени земјата чии бои ќе ги брани.

Англичаните аплицираа за добивање на право Рајс да настапува за „гордиот албион“, за што денеска добија и потврден одговор од странана ФИФА.

„Можеме да потврдиме дека е одобрена промена на фудбалско државјанство за фудбалерот Деклан Рајс“ – соопшти портпаролот на светската куќа на фудбалот.

Се вчитува...