Англичаните им забранија на навивачите на Данска да дојдат на „Вембли“!

Англија ќе се соочи против Данска во полуфинале на Еуро 2020, а организаторите во продажба за мечот во Лондон пуштија во продажба 60.000 влезници, но данските навивачи нема да ги добијат без да минат 10-дневен карантин за кој нема доволно време бидејќи дуелот се игра на 7 јули.

Данските власти преговараа со организаторот за нивните навивачи да можат да влезат во Велика Британија и да ја напуштат без обврска за самоизолација, но нивните обиди пропаднаа.

Сите кои влегуваат во Велика Британија ќе мора да минат 10-дневен карантин без разлика дали имаат примено вакцина, па ова сигурно ќе предизвика големо незадоволство кај данските навивачи.

Интересно е тоа што Данска слично ја реши ситуацијата со руските навивачи за мечот од групната фаза во Копенхаген, а тогаш на Русите им беше забранет влез бидејќи не се дел од Европската унија.

Данските навивачи се надеваат дека ќе го повторат успехот на генерацијата од 1992 година, која во Шведска стана европски првак, а големи очекувања имаат и Англичаните, кои се надеваат дека нивната репрезентација ќе се пласира во финалето на Еуро 2020.

Се вчитува...