На седум дена пред крај на преодниот рок, англиските фудбалски клубови веќе го надминаа ланскиот рекорд од 1,16 милијарди фунти. Според истражувањето на британската ревизорска куќа „Дилојт“, 20 англиски клубови на засилувања летово потрошиле рекордни 1,17 милијарди фунти.
Засега, најскап е трансферот на новиот напаѓач на Манчестер јунајтед, Ромелу Лукаку, кој го напушти Евертон за 75 милиони фунти. Пет милиони помалку чинеше трансферот на Алваро Мората од Реал Мадрид во Челси.
Минатата година, англиските премиерлигаши во последната недела од преодниот рок потрошија дури 300 милиони фунти, па се очекува новиот рекорд да достигне уште повисока сума со завршните трансфери.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА