На силно негодување од јавноста, спортските медиуми но и бројни истакнати англиски фудбалски легенди наиде одлуката на Фудбалската асоцијација на Англија да го именува Германецот Томас Тухел за нов селекторот на репрезентацијата на „Гордиот Албион“.
„Дејли мејл“ се појави со насловна страница „Црн ден за Англија“, а не е среќен со ова решение и искусниот Хари Реднап.
„Тој нема некој забележителен успех. Брзо ја губеше работата во неколку клубови. Јас сум многу патриотски настроен, мислам дека треба да имаме англиски менаџер, но очигледно теренот беше многу мал за избор. Англичаните сега немаат многу шанси да се снајдат во Премиерлигата, затоа што странските сопственици се насочуваат кон странски менаџери. Имаме само двајца или тројца менаџери во Премиерлигата кои се Англичани“ – вели Реднап притоа дополнувајќи:
„Тухел воопшто не е како Јирген Клоп кој имаше голем успех со Ливерпул. Треба да имате малку здрав разум, да ги изберете вистинските играчи, да ги изберете вистинските позиции, да направите да се чувствуваат одлично за себе, да ги натерате да се чувствуваат одлично што играат за најдобрата земја во светот. Тоа не знам дали е изводливо за Тухел“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА