Во Англија и тоа како се задоволни од успехот до кој стигнаа на СП во Русија, кој и речиси воопшто да не го очекуваа пред почетокот на шампионатот. Пласманот меѓу четирите најдобри селекции е повеќе од задоволувачки за островјаните, но, и покрај тоа, и натаму не може да се помират со елиминацијата во полуфиналето од Хрватска.
Веднаш по полуфиналето се жалеа на судењето, на долгото лежење на Хрватите по терен, на грубоста на Балканците… За да англиските медиуми и натаму продолжувајќи со анализите на полуфиналето сега бараат и „дисквалификација на Хрватска од Мундијалот 2018“.
А, за ваквото свое барање се наведуваат три причини: – ФИФА безусловно морала да го суспендира Домагој Вида поради политичките провокации пред полуфиналето и никако да не се дозволи негов настап против Англија; – Ребиќ е тој кој всушност добил два жолти картони, а главниот судија го превидел тоа (но, Марио Манџукиќ е тој кој во 48. минута го доби жолтиот картон, за кој Англичаните сметаат дека е Ребиќ); – голот на Иван Перишиќ за израмнување мора да биде поништен поради високо подигната нога.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА