Фудбалската репрезентација на Англија го освои третото место во Лигата на нации, откако по изведување пенали со 6-5 ја совлада селекцијата на Швајцарија. Голманот на гордиот Албион, Џордан Пикфорд, го одбрани ударот од белата точка на Јосип Дрмиќ во шестата серија од пеналите. По 120 минути игра немаше голови на дуелот во Гимараеш.
Англија беше поблиску до триумф и во регуларниот тек од мечот. Во 84.минута, Калум Вилсон постигна погодок, но по детално прегледување на ВАР-снимката тој не беше признат.
Вечерва се игра финалето во Лигата на нации, во Порто ќе се сретнат Португалија и Холандија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА