Англичаните признаваат: Ова не беше пенал… апсолутна срамота…

Англија слави пласман во уште едно финале на европските првенства по драматичниот триумф над Холандија со голот во финишот на Оли Воткинс.

Сепак, главна тема на „островот“ е првиот гол што од пенал го постигна Хари Кејн, откако истиот фудбалер беше фаулиран од страна на Дамфрис. Нема дилема дека постоеше контакт, но тој се случи откако Кејн веќе шутираше кон голот, но судиите сепак решија да ја променат првичната одлука, па по ВАР-анализата досудија пенал со кој Кејн израмни на 1-1.

Холанѓаните фрлаат со дрва и камења по Феликс Цвајер и неговите помошници од ВАР-собата, а дури и англиските аналитичари признаваат дека првиот гол бил подарок од судиите.

„Ова не беше пенал, никогаш не треба ни да биде“, објави Џејми Карагер.

Истото мислење го имаше и екс-дефанзивецот на Манчестер јунајтед, Гери Невил…

„Апсолутна срамота, како одбранбен фудбалер морам да го кажам тоа“, напиша Невил на својот официјален твитер-профил.

Се вчитува...