Англиската фудбалска репрезентација во иднина ќе биде предводена од нов селектор. Повремената замена на Герет Саутгејт, Ли Карсли кој го превзема „жешкото столче“ по крајот на Европското првенство во Германија не ги оправда очекувањата, а и самиот изјави дека на репрезентацијата и треба „професионалец“ со бројни трофеи зад своето име.
Англичаните го слушнаа Карсли и веднаш интервенираа со состанок со Пеп Гвардиола на кој според информациите на англиските медиуми му било понудено селекторското место на Шпанецот и рок од неколку месеци да даде потврден или негативен одговор.
Договорот на Гвардиола со Манчестер Сити завршува на крајот на актуелната сезона по што неговата иднина на „Етихад“ останува неизвесна. Во „граѓанските“ редови веќе започнаа промени. Позицијата спортски директор ќе ја наследи Хуго Виана па нема да биде изненадување доколку клубот влезе во нова ера со нов тренер, а Шпанецот остане во Англија на престижната селекторска функција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА