По натпреварот од првото коло во Лигата на шампионите во кој Манчестер сити ја совлада Црвена звезда со 3-1, англиските медиуми го критикуваа српскиот шампион поради Газпром, главниот спонзор на дресот.
Руската нафтена компанија го спонзорира белградскиот клуб повеќе од десет години, а Англичаните пишуваат дека проблемот е што Гаспром доаѓа од Русија која година и пол врши инвазија над Украина. Додаваат дека Гаспром ја уништува и животната средина.
„Со тоа што продолжува да ги промовира компаниите кои ја загадуваат животната средина, УЕФА и помага на климатската криза. Од нафтени до гасни компании до авиокомпании и линии за крстарење, Гаспром е најлошиот пример за ова. Не само што е мултинационална компанија која е еден од најголемите загадувачи во светот, туку и нејзиниот профит се влева во воената машинерија на Путин“, пишуваат англиските медиуми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА