Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва од 20.45 часот на националната арена „Тодор Проески“ ќе ја пречека Англија во последното коло од квалификациите за пласман на Европското првенство кое следната година ќе се игра во Германија.
Националната арена за овој меч доби и нов тревник, донација од ФФМ, но Англичаните имаат замерки и за него.
Тие кои стапнаа синоќа на теренот на Националната арена во Скопје, го опишале теренот како „камен тврд“, а двете репрезентации добиле инструкции каде треба да се загреваат пред натпреварот со цел да се заштити новиот терен.
Иако се работи за сосема друг терен, во англиските медиуми повторно се потенцира ужасната подлога од мечот со Италија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА