Англиската фудбалска репрезентација трпи жестоки критики во англиската јавност поради неубедливиот настап на Европското првенство во Германија. Анличаните ја завршија групната фаза во која се сретнаа со Словенија, Србија и Данска како првопласирани со една победа и две нерешени средби, но постигнаа само два гола на три средби.
Со тоа Англичаните закажаа осминафинална средба со Словачка за која воопшто не знаеше Џуд Белингем. Англиската ѕвезда говорејќи за Јутјуб каналот на англиската репрезентација беше фатен неспремен да говори за новиот предизвик за кој призна дека не знае кој е противникот.
„Не знаев против кој играме додека не ми кажавте“, започна Белингем. „Во оваа фаза од натпреварувањето нема лесни противници. Луѓето мислат дека со Словачка ќе биде лесно, но дефинитивно тоа не е случајот“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА