Како што пренесува „Сан“, Реал Мадрид подготвува понуда од 100 милиони фунти за освојувачот на „Златната топка“, Родри. Тоа е исклучително висока трансфер цена, но во исто време и добра опција, под услов целосно да се опорави од повредата и да нема физички проблеми.
Авторитетен извор потврдува дека Родри е играч кој многу му се допаѓа на клубот, но има поделени мислења за неговото потпишување. Тој има 29 години и неодамна имаше сериозна повреда на коленото, па клубот мора да биде исклучително убеден дека нема да погреши.
Друга опција би била да го убедат да не го продолжува договорот, и во зависност од неговата сезона, да се обидат да го потпишат во 2026 година.Секако, Родри би бил воодушевен да игра за Реал Мадрид, бидејќи би се вратил во својот роден град и би го носел дресот на најголемиот клуб.
Тоа се чини дека е единствениот чекор напред што може да го направи во својата кариера по она што го постигна во Манчестер сити и шпанската репрезентација.
Real Madrid are preparing a £100m bid for Ballon D’Or winner Rodri, according to The Sun 👀 pic.twitter.com/oZsFOuMXkm
— Sky Sports News (@SkySportsNews) July 24, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

