Англичаните смислија нов збор за погодокот на Мислав Оршиќ

Хрватската фудбалска репрезентација победи против Мароко со 2-1 и со тоа го освои бронзениот медал на Светското првенство во Катар. Тоа е втора бронза за коцкестите, по 1998 година, и трет севкупен медал на светските првенства. „Огнените“ го постигнаа својот најдобар резултат во Русија во 2018 година кога го освоија среброто.

Оршиќ постигна фантастичен гол од својата омилена позиција, од кој неколку пати погоди за Динамо, како на пример во големата победа над Тотенхем. Овојпат Марко Ливаја брилијантно му ја асистираше, а Оршиќ ја упати дијагонално од страната на шеснаесетникот во голот и ги постави конечните 2-1.

Британците измислија нов збор за да го опишат овој гол. Британскиот весник „Сан“ го опиша голот со зборот „or-some“, што е комбинација од презимето на Оршиќ (Ор) и англискиот збор „awesome“, што во превод значи феноменално.

Се вчитува...