Англичаните цврсто решени Пеп Гвардиола да биде нов селектор!

Актуелниот менаџер на Манчестер сити, Пеп Гвардиола е желбата на Фудбалската асоцијација на Англија за нов селектор на англиската репрезентација.

Според најавите од Островот, од ФА се цврсто решени ако е неопходно да го чекаат крајот на договорот на Гвардиола со Манчестер сити во јуни 2025, за да го доведат на клупата на англиската селекција. Тоа значи дека во меѓувреме ќе биде именуван некој домашен тренер кој ќе биде преодно решение се до именувањето на Гвардиола за една година.

Герет Саутгејт по осум години ја напушти функцијата тренер на „гордиот Албион“. Саутгејт ја однесе Англија во две финалиња на ЕУРО во 2021 и 2024 година, полуфиналето на Светското првенство во 2018 година и четвртфиналето на Светското првенство во 2022 година, што се далеку подобри резултати отколку пред преземањето на поранешниот капитен на Англија.

Лондонски Гардијан претходно објави дека Саутгејт се повлече од селекторската функција и покрај тоа што Фудбалската асоцијација објави дека ќе му биде понуден нов договор откако се пласираше во финалето на ЕП 2024.

Се вчитува...