И покрај тоа што постојано се поврзува со најголемите клубови од Шпанија и Германија, португалскиот стратег Жозе Мурињо би можел од јануари повторно да се врати на Островот.
Како што тврдат англиските медиуми, Мурињо би сакал да го преземе кормилото на Тотенхем и веќе се водат интензивни преговори меѓу двете страни околу идна заедничка соработка.
Маурисио Покетино е се поблиску до заминување од Тотенхем, а токму и раководството на тимот од Лондон гледа во Мурињо како идеално решение за негов наследник. Португалецот претходно се поврзуваше и со Арсенал, но сега веќе далеку пореална варијанта е Тотенхем.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА