Англичаните веќе му пресудија на Тудор: „Тој е кукавица… Ни треба тренер со мад**а“

Игор Тудор имаше неуспешно деби на клупата на Тотенхен. Неговиот нов клуб потполно потфрли во дуелот со лидерот Арсенал губејќи со 1-4.

Хрватскиот стратег не е омилен кај навивачите на Тотенхем кои по крајот на натпреварот со градскиот ривал жестоко го критикуваа.

На социјалните мрежи се појавија коментари кои не се добро намерни за тренерот кој треба да ја спаси сезоната.

„Игор Тудор не е тој тој. Тој е кукавица… Ни треба тренер со мад**а“, „Тудор е најлошиот тренер на Тотенхем. Тој нема никакво искуство Премиерлига“, се само дел од коментарите.

Тотенхем со само 29 освоени бодови се наоѓа на 16. место на табелата со само четири бода предност пред Вест Хем кој е во зоната за релегација.

Се вчитува...