Хари Мегваер и Џек Грилиш нема да бидат дел од Англија за ЕВРО 2024 година. Вака одлучи селекторот Герет Саутгејт, одлука која ги шокираше фановите од Островот.
За Мегваер може да се каже дека е разбирлива одлука, со оглед дека беше повреден во финишот од сезоната, и не успеа навреме да се рехабилитира.
За Грилиш, пак, кој немаше повреда, и на последниот меч со БИХ имаше и една асистенција за 30 минути игра, сепак, не се најде место поради слабата форма. Крилниот фудбалер во штотуку завршената сезона не играше стандардно во тимот на Пеп Гвардиола.
Претходно од поширокиот список на Англија отпаднаа Џејмс Мадисон, Куртис Џонс и Џарл Куанса.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА