Англичанките како Италија: Со пенали до титула континентален шампион (ВИДЕО)

Женската фудбалска репрезентација на Англија ја одбрани титулата европски шампион откако вечерва по изведување на пенали славеше над Шпанија со 3-1 (1-1).

Актуелниот светски шампион и освојувач на женската Лига на нации Шпанија поведе со 0-1 со погодокот на Калдентеј во 25. минута.

Англичанките успеаја да израмнат на 1-1 преку Русо во 57. минута. До крајот на регуларниот дел мируваа мрежите, а натпреварот замина во продолженијата.

И двете продолженија по 15 минути поминаа без голови, па новиот европски шампион судбината одлучи да се дознае по изведувањето на пенали.

Таму, како и многу пати досега на шампионатот потешко беше да се даде гол, па Англија славеше со 3-1 и стигна до втората титула континентален шампион.

England Vs Spain penalty shootout'
byu/gbogaz insoccer

Се вчитува...