Англија без мака го мина Сенегал и закажа дуел со Франција во 1/4 финале (ВИДЕО)

И репрезентацијата на Англија ја оправда фаворитската улога, и се пласираше во 1/4 финалето на Мундијалот во Катар. Со тоа и вториот ден од осминафиналињата мина без изненадувања, откако вчера пласман меѓу најдобрите осум обезбедија Холандија и Аргентина, а денеска тоа го стори и Франција.

Англичаните имаа проблеми со противникот во првите 30 минути, а после убавата шанса на Сенегал и одбраната на Пикфорд во 32. минута, како да се разбуди „Гордион Албион“, и тргна да игра. Шест минути подоцна Хендерсон по додавање од Белингем, го најде патот до мрежата на Менди за водство на Англија.

Меѓутоа тоа не беше се од Англичаните, трпеливо ја чекаа својата шанса, и ја дочекаа по одличната акција меѓу Белингем и Фоден, овој додаде до Кејн кој излезе сам, и во третата минута од судиското надополнување англискиот голгетер го постигна својот прв гол во Катар, и донесе 2-0.

Англија мирно го почна и вториот дел, ја држеше топката, а таквата игра во 57. минута донесе и водство од 3-0. Од левата страна Фоден го проигра Сака, кој од прва го „реши“ Менди за зголемување на предноста.

Кога се веќе беше решено, Англија имаше амбиции да ја држи топката што повеќе, и да го „умртви“ Сенегал, и успеа во тоа. Африканската селекција како да немаше сили да тргне и да се обиде да се спаси од пораз.

Се вчитува...