Англија брзо го заборави „шокот“ од Грција и ја совлада Финска (ВИДЕО)

Англиската репрезентација после шокот и поразот од Грција, ја победи Финска со 1-3 во 4. коло во мечот одигран во Хелсинки. Англичаните овојпат прикажаа далеку подобра игра, и успеаја да дојдат до третиот триумф во групата.

Грилиш во 18. минута донесе предност за Англија, резултат кој важеше на полувремето.

На вториот гол на Англија се чекаше до 74 минута , кога Александар-Арнолд ја зголеми предноста. Рајс во 84. минута донесе 0-3, а Хосконен само успеа да намали на три минути пред крајот на мечот.

Се вчитува...