Англија ја „здроби“ Чешка, Франција убедлива, Роналдо и Португалија ремизираа со Украина

Репрезентацијата на Англија сервираше „петарда“ за Чешка во првиот натпревар од квалификациската група А за пласман на Европското првенство 2020.

Англичаните демонстрираа класа, победувајќи со хет-трикот на Стерлинг, еден гол постигна Кејн од пенал а на крајот триумфот од 5-0 беше заокружен со автоголот на Калас.

Во Групата Б, во која е и уште селекцијата на Србија, Португалија ремизираше без голови со Украина, а Луксембург со 2-1 славеше против Литванија.

France’s defender Raphael Varane (hidden) is congratulated by teammates after scoring a goal during the Euro 2020 qualifying football match between Moldova and France, on March 22, 2019 at Zimbru stadium in Chisinau. (Photo by FRANCK FIFE / AFP) (Photo credit should read FRANCK FIFE/AFP/Getty Images)

Во Групата Х се одиграа сите три натпревари од првото коло. Франција убедливо со 1-4 славеше на гостувањето против Молдавија со погодоците на Гризман, Варан, Жиру и Мбапе.

Турција дојде до гостинска победа од 0-2 против Албанија со головите на Јилмаз и Чалханоглу, а со ист резултат Исланд славеше на гостувањето против аутсајдерот Андора.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2020 – 1. КОЛО

ГРУПА А

Англија – Чешка 5-0

Бугарија – Црна Гора 1-1

ГРУПА Б

Португалија – Украина 0-0

Луксембург – Литванија 2-1

ГРУПА Х

Молдавија – Франција 1-4

Андора – Исланд 0-2

Албанија – Турција 0-2

Се вчитува...